• петок, 22 ноември 2024

Нападната воздушната база на Вагнер во Либија

Нападната воздушната база на Вагнер во Либија

Триполи, 6 август 2023 (МИА) - Беспилотни летала погодија воздушна база во источна Либија што ја користат платеници на руската паравоена група Вагнер. Нема жртви, изјави воен претставник, пренесуваат француските медиуми.

Во извештаите пренесени од либиските и арапските новински веб-страници се тврди дека нападите биле лансирани од авиони на владата во Либија. Но, владата на национално единство со седиште во главниот град Триполи негираше каква било вмешаност. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан