• петок, 22 ноември 2024

Напади со беспилотни чамци врз руското црноморско пристаниште Новоросијск

Напади со беспилотни чамци врз руското црноморско пристаниште Новоросијск

Киев, 3 јули 2024 (МИА) - Напад со брод без екипаж беше извршен ноќеска врз руското црноморско пристаниште Новоросијск, објавија локалните власти.

Градоначалникот на градот во јужниот регион Краснодар, Андреј Кравченко, на Телеграм напиша дека заканата сега е укината, но пристапот до локалната плажа и шеталиштето ќе биде ограничен додека не се провери областа.

Автомобилскиот сообраќај на мостот Крим, кој го поврзува рускиот анектиран украински полуостров со Краснодарската област, ноќеска беше привремено запрен на околу еден час.

Засега нема реакција од украинските власти.

Локалните жители пишуваат на Телеграм за силни експлозии и пожар во планинска област над Новоросијск.

Од целосната инвазија на Русија на соседната земја пред повеќе од две години, украинските вооружени сили редовно вршат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж против руски цели на брегот на Црното Море, вклучително и на Крим. паг/

Фото: Х




 

Остани поврзан