• вторник, 05 ноември 2024

Надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Тетово и Струмица

Надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Тетово и Струмица
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Тетово и Струмица, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. - Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мерните места во Тетово и Струмица, се вели во соопштението од МЖСПП. мс/ац/

Остани поврзан