• четврток, 19 декември 2024

Надал ја освои својата трета титула во Акапулко

Надал ја освои својата трета титула во Акапулко
Акапулко, 1 март 2020 (МИА) - Рафаел Надал (Шпанија) по трет пат победи на тенискиот турнир во Акапулко, Мексико. Светскиот рекет број 1 го победи Тејлор Фриц (САД) со 6:3, 6:2 за 75 минути и триумфираше повторно по 2005 и 2013 година, кога, сепак, натпреварите се играа на земја. 33-годишниот Шпанец на тој начин го освои 85-тиот трофеј во кариерата. Тоа беше прв турнир на Надал по пауза од 3 седмици по Австралија опен. Тој доминираше на своите пет одиграни натпревари, откако незагуби сет и во просек губеше по 5 гема од своите противници. - Не можев да бидам посреќен. Играв одлично од почеток до крајот на турнирот. Во Акапулко, ја освои првата голема титула во мојата кариера, да дојдам тука и повторно да победам по 15 години е нешто неверојатно. Благодарам на луѓето во Акапулко, кои прават да се чувствувам како дома секој пат, изјави Надал по финалето.

Остани поврзан