Надал со честитка за Алкараз за триумфот на УС опен
- Карлос Алкараз (22.години) ја освои својата седма Грен слем титула, а честитки за успехот стигнаа од сите познати тениски имиња од светот
Њујорк, 8.септември 2025 (МИА) – Карлос Алкараз (22.години) ја освои својата седма Грен слем титула, а честитки за успехот стигнаа од сите познати тениски имиња од светот. Меѓу оние кои му честитаа на успехот на Шпанецот е и повеќекратниот освојувач на Грен слем титули и негов сонародник Рафаел Надал.
- Секоја чест Карлос! Повторно победник на УС опен и тенисер број 1. Честитки за напорната работа во изминатава сезона, напиша на мрежата Х, Надал.
Алкараз број еден беше пред две години, a сега е 37 недела на врвот на тениската листа. мн/
Фото: ЕПА