• понеделник, 23 декември 2024

Надал: Не би играл на УС Опен

Надал: Не би играл на УС Опен
Њујорк, 4 јуни 2020 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека нема да игра ако тој во овој момент треба да одлучи за неговото учество на УС Опен во Њујорк. Надал тренира во Шпанија, и ако не избиеше пандемијата, Ролан Гарос ќе се играше во овој момент и тој ќе се обидеше да го освои рекордниот 13-ти трофеј на овој турнир, 20-тиот Гренд-слем турнир во неговата кариера вкупно. Тој рече дека за да се одржи УС Опен, како и другите тениски турнири, мора да се исполнат два услови, за секој да се увери дека ќе бидат заштитени од вирусот и дека секој може слободно да патува низ целиот свет. - Ако ме прашате денес, ќе кажам денес дека не би играл. За неколку месеци? Не знам. Се надевам. Да. Но, сепак ќе мора да почекаме да добиеме јасни информации за тоа како ќе се развие вирусот и каква ќе биде ситуацијата во Њујорк за неколку месеци. Њујорк е едно од местата кои се најпогодени од вирусот, одговори Надал за време на видео конференцијата за Асошиејтед Прес Тениските натпревари беа прекинати во март поради пандемијата. ВTA и ATП ги прекинаа натпреварите до крајот на јули најрано. Ролан Гарос е преместен и ќе се одржи во септември наместо во мај, додека Вимблдон беше откажан за прв пат по 75 години. - Не можеме да се вратиме сè додека здравствената состојба не биде целосно безбедна, но исто така и сите играчи од секоја земја да можат да патуваат на турнири и да се натпреваруваат под безбедни услови, додаде Надал. Одлуката за УС Опен ќе биде донесена за неколку недели, а натпреварувањето треба да започне на 31 август во Њујорк. - Јас навистина верувам дека мора да бидеме трпеливи, да бидеме одговорни. Мора да бидеме смирени и да ги правиме работите на вистински начин, рече Надал, кој наполни 34 години во средата. Тој рече дека не допрел рекет повеќе од два месеци, пред неодамна да започне со лесен тренинг. - Пристапувам многу бавно, чекор по чекор, не играм секој ден и не тренирам многу, додаде Надал. На прашањето за Ролан Гарос, Надал рече дека тој не е ниту оптимист, ниту песимист за одржување на турнирот на париска земја. - Ми недостасува да играм тенис. Ми недостасува да играм на турнирот што најмногу го сакам. Но, во исто време, не размислувам за тоа. Јас сум фокусиран на обидот да го вратам животот во нормала. Првата работа што треба да ја направиме е да се вратиме во нормала, рече Надал.

Тагови

Остани поврзан