• понеделник, 23 декември 2024

Надал за Олимпијадата: Донесувам краткорочни, а не долгорочни одлуки. Правам календар само неколку недели однапред

Надал за Олимпијадата: Донесувам краткорочни, а не долгорочни одлуки. Правам календар само неколку недели однапред
Мадрид, 12 мај 2021 (МИА) - Дваесеткратниот Грен слем шампион Рафаел Надал зборуваше за учеството на Олимписките игри. - Под нормални околности, Олимписките игри секогаш биле мој приоритет. Сепак, во сегашните услови, и покрај фактот дека сè уште постои посебен став кон Олимпијадата, ситуацијата постојано се менува. Пандемијата трае повеќе од една година, а сега донесувам краткорочни, наместо долгорочни одлуки. Јас не правам календар шест месеци однапред, туку само неколку недели. Носам одлуки во зависност од тоа како ќе се развиваат настаните, земам предвид дека сум скоро 35 години и потребите на моето тело и ум во одреден момент во времето, изјави Надал. Олимписките игри во Токио треба да започнат на крајот на јули. зс/

Остани поврзан