• петок, 05 декември 2025

Навивачите на Ливерпул положуваат цвеќе пред Енфилд

Навивачите на Ливерпул положуваат цвеќе пред Енфилд

Ливерпул, 3.јули 2025 (МИА) - Веста за смртта на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија Диого Жота денес ги засени сите спортски и фудбалски вести. Многубројни соиграчи и познати фудбалери, како и тренери искажуваат жалост за смртта на фудбалерот, кој утрово во сообраќајна несреќа во Шпанија го загуби животот заедно со неговиот брат Андре Силва.

Огромната армија навивачи на актуелниот шампион на Англија Ливерпул, положуваат цвеќе пред стадионот „Енфилд“, а можат да се забележат и балони со бројката 20, како и дресови на Жота со истиот број. Сезонава Ливерпул ја освои токму 20.та титула шампион на Англија, бројот на дресот што го носеше Жота.

Изминатава сезона за Португалецот беше исклучително успешна со две титули - шампион на Англија и освојувач на Лигата на Нациите на УЕФА со Португалија.    мн/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан