• сабота, 23 ноември 2024

Набих Бери: Либан нема да се согласи на примирје со Израел на сметка на суверенитетот

Набих Бери: Либан нема да се согласи на примирје со Израел на сметка на суверенитетот

Бејрут, 12 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, денеска изјави дека не постои разумен човек кој мисли дека Либан ќе се согласи на договор за прекин на огнот што ги унапредува интересите на Израел на сметка на либанскиот суверенитет.

Либански Хезболах, движењето кое е во војна со Израел, навести дека сака прекин на огнот во Либан, но инсистира на свои услови за прекин на огнот и соопшти дека има капацитет да продолжи да се бори во наредните месеци.

Израелските власти во изминатите 24 часа дадоа спротивставени изјави за прекинот на огнот.

Министерот за надворешни работи Гидеон Сар вчера рече дека е постигнат „извесен напредок“, но министерот за одбрана Израел Кац подоцна рече дека нема да има прекин на огнот, ни земање здив во Либан.

Нацртите на предлогот за прекин на огнот што стигнаа до израелските медиуми покажуваат дека Израел сака израелските авиони слободно да летаат низ либанскиот воздушен простор и да преземат офанзивни дејствија во Либан доколку смета дека проиранскиот екстремистички Хезболах го прекршува договорот.

Протечениот предлог го одразува тоа што се смета за максимални барања на Израел во какви било идни разговори за прекин на огнот и не се очекува да биде прифатен од либанските и претставниците на Хезболах како основа за почеток на преговори, што тие го гледаат како повреда на либанскиот суверенитет.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан