• петок, 05 декември 2025

Мурињо се враќа на Стамфорд Бриџ

Мурињо се враќа на Стамфорд Бриџ

Лондон, 29.септември 2025 (МИА) – Прославениот фудбалски менаџер Жозе Мурињо се враќа во Лондон на стадионот Стамфорд Бриџ. Тој сега како менаџер на Бенфика ќе ја предводи својата екипа во натпревар од 2.коло од Лигата на шампионите против Челзи.

По освојувањето на пехарот во Купот на УЕФА, а потоа и Лигата на шампионите, Мурињо ја презеде екипата на премиерлигашот Челзи, каде имаше извонредни резултати. Во својата кариера покрај националните титули со Челзи, Интер и Реал Мадрид, португалскиот тренер ја освои и втората титула европски шампион со Интер.

Во последните години Мурињо со Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига Европа, а низата на европски пехари го заврши со освојувањето на Конференциската лига со Рома.

Мурињо, кој денеска има 62 години сега ја предводи Бенфика, клубот каде ја имаше својата прва професионална работа во 2000 година. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан