• понеделник, 18 ноември 2024

Мост во Тетово остана без дел од оградата, потребна внимателност при движењето

Мост во Тетово остана без дел од оградата, потребна внимателност при движењето
Тетово, 3 мај 2021 (МИА) - Падната е една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица.  Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата. -Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна. Граѓаните кои се обратија до нашата редакција информираа дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала.ас/лв/

Остани поврзан