• понеделник, 23 декември 2024

Москва ја повика Анкара да не ги поддржува бунтовниците и џихадистите во Сирија

Москва ја повика Анкара да не ги поддржува бунтовниците и џихадистите во Сирија
Москва, 20 февруари 2020 (МИА) - Турција треба да ја прекине поддршката за „терористичките групи“ во сириската провинција Идлиб, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија, додавајќи дека извршиле воздушни напади врз позиции на вооружени групи поддржани од Анкара.
Осудувајќи ги воздушните напади на турските сили во кои беа повредени четворица сириски војници, руската војска побара „турската страна повеќе да не ги поддржува акциите на терористичките групи и да не ги снабдува со оружје“.
Турското Министерство за одбрана, пак, наведе дека двајца турски војници загинале, а петмина се повредени во воздушен напад во Идлиб. Министерството не прецизираше кој е одговорен за бомбардирањето, но додаде дека одговориле на нападот.
Нападот се случи во услови на интензивни тензии меѓу турските и сириските сили. Силите на сирискиот претседател Башар ел Асад ја имаат поддршката од Русија. Идлиб е претежно под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам и другите бунтовници. Властите кои контролираат околу 70 проценти од сириската територија во неколку наврати соопштија дека се решени да ја вратат контролата врз Идлиб. паг/
   

Остани поврзан