• понеделник, 23 декември 2024

Мосе: Заклучено е дека во Украина се извршени воени злосторства

Мосе: Заклучено е дека во Украина се извршени воени злосторства
Женева, 23 септември 2022 (МИА) - Истражната комисија на Обединетите Нации (ОН) откри различни руски воени злосторства во Украина, јави ДПА. Меѓу другото, експертите документираа сексуални и поврзани со полот, насилни акти, од страна на некои руски војници, изјави денеска претседателот на комисијата, Ерик Мосе во првиот привремен извештај во говорна форма. - Врз основа на доказите собрани од комисијата, заклучено е дека во Украина извршени се воени злосторства, појасни тој. Жртвите на спомнатите злосторства се меѓу четири и 82-годишна возраст, според информациите од претседателот на комисијата споделени во Советот за човекови права на ОН во Женева. Истрагата на експерти за човекови права првично се фокусираше на почетната фаза од руската инвазија во февруари и април, во регионите на Киев, Чернихив, Харков и на Суми. Комисијата забележала голем број егзекуции. Жртвите често биле апсени и врзани пред да починат. Телата имале прострелни рани на главата и исечени грла. Мачењето наводно вклучувало тепање и електрошокови. Комисијата исто така документираше два случаја каде руски војници биле  малтретирани од украинските единици. Во моментов се водат истраги на 16 локации. Не беше соопштен број на жртви. Конечниот извештај, Мосе и неговиот тим планираат да го претстават во март 2023 година. бд/

Остани поврзан