• недела, 22 септември 2024

Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите
Киев, 20 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората беше задоволен по победата на неговиот тим во Киев против Динамо (2:0). Мората го замени Кристијано Роналдо на најдобар можен начин и му донесе победа на Јувентус на стартот од Лигата на шампионите. Постигна два гола, во 46. и 84. минута. - Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона сакаме да го направиме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го сторивме. Задоволни сме, изјави Мората по натпреварот во Украина. Покрај Динамо, Јувентус е во групата со Барселона и Ференцварош.

Тагови

Остани поврзан