• понеделник, 23 декември 2024

МОН: Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите

МОН: Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите, соопшти денеска Министерството за образование и наука, откако вчера организацијата Студентски отпор објави дека се зголемени месечните кирии во студентските домови. 

МОН потенцира дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето. 

МОН потсетува дека согласно со Законот за студентски стандард, цената за сместување во државни студентски домови се утврдува со Програма за остварување и развој во дејноста на студентскиот стандард, која ја усвојува Владата. Притоа, стои во соопштението, МОН покрива 50 проценти од вкупниот износ на цената, која за 2023 година изнесува 6820 денари. - Така што, на студентите кои плаќаат партиципација, трошокот им изнесува 3410 денари месечно. Додека за најмногу 40 проценти од студентите, МОН го покрива целиот износ, доколку се работи за студенти со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства корисници на социјална парична помош...

-Врз основа на важечките акти во областа на студентскиот стандард, ниту еден студентски дом, односно директор индивидуално не може да ја промени цената и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, МОН ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето. Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите, соопшти МОН. 

Студентски отпор вчера соопшти дека во новата академска 2023/24 година студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, наведувајќи  дека  месечната кирија во студентските домови се зголемила на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари,....

-На студентите во студентските домови им е укинат и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти,  соопшти Студентски отпор, најавувајќи дека меѓу опцииите како реакција за студентските проблеми се протести.лв/цр

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан