• петок, 22 ноември 2024

Монца официјално потпиша со Боатенг

Монца официјално потпиша со Боатенг
Монца, 28 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг се приклучи на Монца, чиј сопственик е поранешниот премиер Силвио Берлускони. Играчот за врска денес официјално потпиша договор на една сезона со тимот од Серија „Б“. Кариерата на 33-годишниот Боатенг е доволно богата и вклучува периоди во Херта (Берлин), Тотенхем, Борусија (Дортмунд), Барселона, Милан, а минатата година го носеше дресот на Фиорентина. Берлускони, еден од најуспешните претседатели на Милан, ја презеде контролата над Монца пред две години. Клубот влезе во Серија „Б“ оваа сезона и ја започна кампањата 2020/2021 со желба да влезе во Серија „А“.

Тагови

Остани поврзан