• понеделник, 12 јануари 2026

МОК и општините во заедничка офанзива, олимписка обука и системска детекција на спортските талент

МОК и општините во заедничка офанзива, олимписка обука и системска детекција на спортските талент

Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Македонскиот олимписки комитет предводен од претседателот Даниел Димевски, продолжува со сеопфатниот процес за ревитализација на локалниот спорт и зајакнување на врската меѓу училишниот и врвниот спорт. Преку продолжување на интензивна соработка, овој пат со општините Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, се поставуваат нови темели за научен пристап во идентификација и селекција на младите македонските спортисти идни Олимпијци, информираат од Комитетот. 

На денешната средба меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски, придружен од раководителот на сектор спорт Петар Спасеновски и раководителот за меѓународна соработка и комуникации Сашо Поповски со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, било потенцирано дека врвниот спорт не може да постои без цврста и квалитетна база во училишниот спорт.

-За таа цел, неопходна е есенцијална и задолжителна комуникација и координација меѓу Македонски олимписки комитет (МОК), Министерство за спорт, Федерација за училишен спорт, Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) и Националните спортски федерации. Револуционерен чекор во оваа соработка е користењето на Олимписката лабораторија за високи спортски перформанси, се вели во соопштението од МОК.

Овој Олимписки центар ќе овозможи прецизни мерења на антропометриски карактеристики, моторичките способности и физиолошките параметри на младите спортисти и преку оваа координирана акција, институциите ќе треба максимално да ја искористат постоечката спортска инфраструктура и создавање амбиент каде спортот на локално ниво ќе биде првата скала кон идното создавање врвни млади спортисти и идни Олимпијци. сст/дма/

Фото: МОК

 

Остани поврзан