Модриќ: Сакам да освојувам трофеи
- Лука Модриќ денеска и официјално беше претставен како играч на Милан
Милано, 4.август 2025 (МИА) - Хрватот Лука Модриќ денеска и официјално беше претставен како играч на Милан. По 13 години откако му истече договорот со Реал Мадрид хрватскиот репрезентативец ја смени средината и во новата сезона ќе го носи дресот на уште еден великан на европскиот фудбал.
По претставувањето на прес конференцијата Модриќ се појави да ги поздрави навивачите на Милан.
- Минимална цел е пласман во Лигата на шампионите, но Милан сака да освојува трофеи, тоа е мојата цел и треба да биде цел на секого во Маилан. Мораме да имаме цврста и стабилна екипа.
Лука Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14. мн/
Фото: ЕПА