• среда, 17 јули 2024

МОДОМ: Да се обезбеди урбана опрема за лица со попреченост

МОДОМ: Да се обезбеди урбана опрема за лица со попреченост
Скопје, 17 јануари (МИА) Младинската организација на ДОМ - МОДОМ апелира до општините и локалните власти за потребата од поставување на јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава. Лицата со попреченост се соочуваат со вистински проблеми во секојдневното функционирање, соодветна инфраструктура и опрема. МОДОМ алармира дека лицата со попреченост имаат ограничен пристап до институции, училишта и јавни установи. Градење на инклузивно општество подразбира и приспособување на општествената средина според потребите на граѓаните. Сектор за односи со јавност - ДОМ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан