• недела, 01 март 2026

Младост УГД му го нанесе првиот пораз на Наковски Волеј сезонава

Младост УГД му го нанесе првиот пораз на Наковски Волеј сезонава

Штип, 1.март 2026 (МИА) – Одбојкарките на Младост УГД се екипата која успеа да му го нанесе првиот пораз на лидерот Наковски Волеј и тоа со убедливи 3:0 во сетови пред својата публика во Штип. Во дербито од 15. коло девојките на Кристина Лазаровска покажаа решителност, борбеност и мотивираност да му застанат на патот и да му го зададат првиот „удар“ на Наковски Волеј.

Вардар ЕМ, пак, во градското соочување со Фит Фан Волеј, славеше со 3:0, што е втора победа на „црвено-црниот“ состав над овој ривал, откако претходно го елиминираше и во осминафиналето од Купот на ОФМ 2026. Вардарки со оваа победа ја зацврстуваат својата позиција во плејоф друштвото.

Пелистер Волеј и Работнички Скопје запишаа убедливи победи над противниците од ова коло, додека шампионот Јанта Волеј КВ со 3:2 се радуваше во дуелот со Газели Волеј кое уште во четвртокот го најави овој викенд во најсилното женско друштво.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ - РЕЗУЛТАТИ, 15. КОЛО

Младост УГД – Наковски Волеј 3:0 (25:22, 28:26, 25:13)

Фит Фан Волеј – Вардар ЕМ 0:3 (20:25, 8:25, 23:25)

Струмица жени – Пелистер Волеј 0:3 (11:25, 14:25, 9:25)

Работнички Скопје – Ускана 3:0 (25:22, 25:10, 25:11)

Јанта Волеј КВ – Газели Волеј 3:2 (20:25, 25:16, 25:20, 22:25, 15:8)

Табела: Наковски Волеј 41 бод, Работнички Скопје 35, Младост УГД 34, …   мн/

Фото: ОК Младост УГД

Остани поврзан