• понеделник, 23 декември 2024

МКС бара одобрение за истрага на злосторствата во Украина

МКС бара одобрение за истрага на злосторствата во Украина
Хаг, 28 февруари 2022 (МИА) - Канцеларијата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) денеска соопшти дека ќе бара судско одобрение за да започне истрага за наводните воени злосторства извршени во Украина. Обвинителот Карим Кан изјави дека постои разумна основа да се отвори истрага. - Особено сум задоволен што постои разумна основа да се верува дека во Украина се извршени и воени злосторства и злосторства против човештвото, истакна Кан. Тој додаде дека истрагата ќе ги опфати наводните злосторства од 2014 година, кога Украина ја призна јурисдикцијата на тој суд на Обединетите нации. гт/

Остани поврзан