• понеделник, 08 јули 2024

МИ 2022: Од Шпанија зависи судбината на македонските ракометари

МИ 2022: Од Шпанија зависи судбината на македонските ракометари
Оран, 2 јули 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вчеравечер ја победи Турција со 31:22 и ги зачува шансите за пласман во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров победата ја обезбедија со извонредна игра во второто полувреме во кое постигнаа 18, а примија 10 гола. За пласман на Македонците во полуфиналето и можност да се дојде до медал, потребно е вечер Шпанија која е апсолутен фаворит во Б-групата, да го победи домаќинот Алжир. Натпреварот кој одлучува за судбината на „црвено-жолтите“ е закажан за вечер во 20:15 часот. Секој друг исход освен победа на Шпанија ќе значи трето место за македонската репрезентација и борба за пласман на петтата позиција на Игрите во Оран. зс/

Остани поврзан