• петок, 22 ноември 2024

Мицотакис: Државниот механизам прави сѐ што може за да ги локализира големите пожари

Мицотакис: Државниот механизам прави сѐ што може за да ги локализира големите пожари

Атина, 17 јули 2023 (МИА) – Од нашите сограѓани сакам да побарам да ги следат упатствата на цивилната заштита. Нашата прва грижа, секогаш е заштитата на човечкиот живот, а потоа заштитата на имотите и животната средина, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за големите пожари во земјата и истакна дека „државниот механизам прави сѐ што може за да одговори со максимална брзина и да ги локализира пожарите“, јави дописничката на МИА од Атина. 

Во изјавата од Брисел каде што учествува на Самитот ЕУ- Латинска Америка и Кариби, Мицотакис рече дека континуирано се информира за ситуацијата со трите активни пожари во земјата.

-Сакам да ги уверам сите наши сограѓани кои претрпеа штети од пожарите дека државниот механизам веднаш по гаснењето на пожарите ќе биде во целосна подготвеност да ги евидентира штетите, за да можат нашите сограѓани да бидат обесштетени со максимална можна брзина, рече Мицотакис. 

Во Грција активни се три пожари на три различни локации, еден во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што изгореа голем број домови, другиот на Пелопонез во близина на Коринт и третиот во областа Виотија во централна Грција. ср/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан