• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани

Скопје, 19 март 2025 (МИА) -  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.  

-Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.  

Посетата на Кочани, информира владината прес-служба, беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти.

-Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените, стои во информацијата. лв/нд/

Фото: Влада 

Остани поврзан