• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација

Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација

Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.

- Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката. дма/

Остани поврзан