• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Процентуално кај нас умираат повеќе луѓе од најцрните денови во Шпанија и Италија

Мицкоски: Процентуално кај нас умираат повеќе луѓе од најцрните денови во Шпанија и Италија
Скопје, 2 ноември 2020 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на ТВ Клан истакна дека со денешната статистика во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и Италија оваа пролет, а властите кај нас прогласија победа над пандемијата уште во мај месец, а сега е полошо од ден на ден со четвороцифрени бројки за заразени. -Наместо подготовки за втор бран ние имавме во јавноста изјави да не се грижат граѓаните, зашто подготвени ќе влеземе во вториот бран, па еве сега влеговме во вториот бран и денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија, тука нема етнички состав Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат, поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада, истакна Мицкоски. Мицкоски вели дека денеска има 45,6% инфицирани лица од тестираните граѓани, и вели дека тоа е повеќе од најголемиот пик од Бергамо и во Шпанија кој што го гледавме во оној прв бран којшто се случуваше оваа пролет. Овој денешен втор бран е последица на лошото мениаџирање во првиот бран иако „политикологот“ Караџовски прогласи победа над пандемијата некаде чинам кај мај месец, сепак некаде чувството на граѓаните е дека ние никогаш не сме излегле од пандемијата, туку таа станува од ден на ден се полоша, за денеска да имаме и четвороцифрени бројки на заболени и сериозна бројка на граѓани кои го губат својот живот, критикуваше Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан