• среда, 13 ноември 2024

Мицкоски од Европскиот самит во Салцбург: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Мицкоски од Европскиот самит во Салцбург: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Скопје, 21 окотмври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска, обраќајќи се на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ и реформите, истакна дека државата е блокирана од нерационален и билатерален спор. 

Во спорот со источниот сосед, напомена Мицкоски, бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања.

-Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, рече премиерот.

Според него, источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање здружение на Македонците кои живеат на тие простори, а бара внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

-Како Влада сме посветени на изнаоѓање решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, потенцира Мицкоски. мч/аа/

фото: Влада на РСМ

Остани поврзан