• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Барам слобода за Алабаковски, а власта да ги увиди своите грешки

Мицкоски: Барам слобода за Алабаковски, а власта да ги увиди своите грешки
8 јуни 2022 

Тоа е резултат или реакција на политиките на оваа криминална и анационална влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворањето на Ламбе Алабаковски.

Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, додавајќи дека тоа е реакција на сите погрешни политики на владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.

Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце, изјави Мицкоски.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан