• петок, 05 декември 2025

Мициќ неизвесен за настапот на Евробаскетот

Мициќ неизвесен за настапот на Евробаскетот

Белград, 15.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Србија паралелно со тренинзите игра и контролни натпревари во пресрет на Евробаскетот. Селекторот Светислав Пешиќ од почетокот на подготовките не може да смета на Василије Мициќ, еден од играчите, кој треба да биде носител на играта, но повредата го спречува за работа со остатокот од тимот.

- Не оди се според планот. Проблем ни се повредите на некои играчи (Смаилагиќ и Трифуновиќ). Се обидуваме и Мициќ да го вратиме, тој се обидува, се труди, но и натаму има болки. Најискрено сметаме на Мициќ, ама неговото враќање тешко оди, изјави Пешиќ. 

Србија ја очекуваат уште неколку контролни натпревари до Евробаскетот, на Супер купот во Минхен два (со Чешка и Германија или Турција) и еден во Белград со Словенија.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан