• вторник, 19 ноември 2024

Митрески: Изборот на 15 јули е лесен или парите кај граѓаните или во белата палата

Митрески: Изборот на 15 јули е лесен или парите кај граѓаните или во белата палата
Скопје, 4 јули 2020 (МИА) - На 15 јули имаме лесен избор, или ќе одбереме парите да продолжат да одат кај граѓаните или парите да одат во белата палата, или да има пари за жални врби или за изградба на спортски сали, или стиропор што личи на мермер или асфалтирање на нови улици, или слобода или режим, порача носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески, на граѓанската трибина во Дебар.
 Тој истакна дека за три години направивме многу работи, минималната плата, ја зголемивме од 9 000 на 14 500 денари, тоа се 5500 денари во џебот на секој работник, тоа е 1000 евра плус годишно на секој работник.
- Ни велеа немој да ја зголемувате минималната плата ќе излезат луѓе на протести, ни велеа немој да ја зголемувате минималната плата работодавците ќе ги отпуштаат вработените затоа што не може да ја издржат таа плата, да исплаќаат отлку пари не може да ги издржат тие трошоци, не само што не излегоа на протести, не само што не испуштија никој од работа, туку во овие две и пол години бројот на вработени се зголеми на 60 000 ново вработени, истакна Митрески.
Тој нагласи дека за СДСМ ја зголеми социјалната помош за три пати, воведе социјална пензија за лицата кои не ги исполнуваат условите за пензионирање, го реши проблемот на 12.000 стечајци, воеден евтина тарифа на струјата, со која 11 милиони евра остануваат во нашите семејства.
Воведовме поврат на ДДВ, секое семејство, има приходи по таа основа, а велат тоа не е ништо, малку, па и 500 денари во џебот на граѓаните се 500 пати повеќе, од нивната нула, кои имаа шанса 11 години да ги воведат но не ги воведоа, порача Митрески.
Направивме многу работи, ја вративме праведноста, сега е редот да ја вратиме правдата,правда во оваа држава мора да има и правда во оваа држава ќе има, нагласи Митрески.
Покажавме дека можеме и на 15 јули ќе победиме.Сите заедно здружени, единствени, можеме уште повеќе и уште подобро, порача носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески во Дебар. дма/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан