• недела, 22 декември 2024

Митева: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на отворање на Уставот е многу пати повторен и јасен

Митева: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на отворање на Уставот е многу пати повторен и јасен

Скопје, 15 февруари 2023

Повикот од страна на претседателот Мицкоски е повик пред се кој што има за цел обединување и функционалност на Македонија, цел која што не е краткорочна, туку долгорочна, повик кој што значи иднина и континуитет и време во Македонија да се случат навистина промени, вели Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Во однос на уставните измени, Митева рече дека никој од пратениците немаат мандат за да одлучуваат за уставните измени, а ниту пак Ковачевски добил мандат од страна на граѓаните да одлучува за вакви сериозни прашања.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на отворање на Уставот е многу пати повторен и јасен. Во собранието имаме пратеничка група која што е навистина хомогена која што функционира беспрекорно и која што има една јасна цел, а тоа е дека овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и на останатите пратеници од власта немаат мандат за решавање на вакви прашања, односно отворање на Уставот, изјави таа.

Една од причините поради која се залагаме за предвремени избори е граѓаните да одлучат во каков правец сакаат Македонија да се движи. Целта на една политичката партија е пред своите граѓани да ја претстави програмата и начинот на тоа како ќе делува во следните 4 години. Јас само ќе потсетам дека Ковачевски нема воопшто добиено мандат од страна на граѓаните да ја води државата, ниту пак да одлучува за вакви сериозни прашања, истакна Митева.

Митева нагласи дек ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за одржување на брзи парламентарни избори со програма и предлог на карти кои ќе донесат иднина за Македонија и граѓаните.

Ако ме прашувате дали сме подготвени за брзи избори што би значело утре распуштање на Собранието и закажување на датум за предвремени парламентарни избори, одговорно тврдам да подготвени сме со програма, со предлог на кадри и со иднина каква што сакаме да ја видиме Македонија. Дали ќе донесеме шах мат во тоа сум сигурна, заклучи Митева.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан