• недела, 22 декември 2024

Министрите за надворешни работи од Г7 повикуваат на избегнување ескалација на Блискиот Исток

Министрите за надворешни работи од Г7 повикуваат на избегнување ескалација на Блискиот Исток

Рим, 4 август 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г-7) повикаа сите страни во актуелниот конфликт на Блискиот Исток да избегнуваат дејствија кои би можеле да доведат до ескалација, соопшти италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

На видеоконференција, министрите изразија силна загриженост поради најновите настани кои би можеле да доведат до пошироко регионално ширење на кризата, почнувајќи од Либан.

„Ги повикуваме засегнатите страни да се воздржат од дејствија кои би можеле да го попречат дијалогот и умереноста и да поттикнат нова ескалација“, се наведува во изјавата.

Напнатоста на Блискиот Исток ескалираше последниве денови по убиството на Исмаил Ханија, лидер на палестинската групација Хамас, во Техеран, еден ден по израелски напад во Бејрут кој уби командант на Хезболах.

Министрите, исто така, повикаа на склучување на примирје во Газа и ослободување на заложниците, како и зајакнување на хуманитарната помош за населението во палестинската енклава. ссм/

Остани поврзан