• петок, 05 декември 2025

Министерот Мисајловски учествува на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел 

Министерот Мисајловски учествува на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел 

Брисел, 4 јуни 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Брисел учествува на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, со кој претседаваат неговите колеги од Велика Британија и Германија, Џон Хејли и Борис Писториус. 

Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји -  сите 32 членки на НАТО и 25 други држави - и плус Европската Унија, кои како одговор на руската инвазија го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема.  

На состанокот присуствува и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. 

Заседанието на Контакт групата се одржува во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кои е предвидено да се разговара за новите цели на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарното одвраќање. сп/

Фото: Министерство за одбрана 

Остани поврзан