• недела, 22 декември 2024

Министерот Лога во Валандово ја почна кампањата за бесплатна правна помош

Министерот Лога во Валандово ја почна кампањата за бесплатна правна помош

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) - Министерот за правда, Кренар Лога денеска во Валандово, заедно со претставници на Советот на Европа ја започна промотивната кампања за бесплатна правна помош.

На средбата на Лога, соопштија од МП, градоначалниикот на Валандово, Перо Костадинов, изразил поддршка за промотивните активности за запознавање на граѓаните со можностите за користење на бесплатната правна помош. Костадинов изразил и подготвеност за поддршка на примената на Законот за бесплатна правна помош. Информирал дека Општина Валандово минатата година има склучено Меморандум за соработка со правната клиника во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип.

- Целта на оваа кампања е да им се дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат истата. За време на промоцијата разговаравме со граѓаните, кои имаа можност да постават прашања и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретни теми за кои може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита и други сфери, се наведува во соопштението од МП. цр/ев

Фото:Министерство за правда

Остани поврзан