• четврток, 21 ноември 2024

Министерот Алити на Форум за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин

Министерот Алити на Форум за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин

Талин, 15 јуни 2022 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на Форум за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин, Естонија, со фокус на сајбер безбедноста и најдобрите европски практики.

Во рамките на Форумот, министерот Алити говореше на панел-дискусија на тема „Најдобри практики во однос на реформите во сајбер безбедноста, посветен на потребите и препораките за градење капацитети на оперативно ниво и заштита на информациската критична инфраструктура. Алити, како што се наведува во соопштението од МИОА, се осврна на активностите на Министерството за информатичко општество и администрација во насока на дигитализација на процесите кои се покажаа како исклучително важни особено во периодот на Ковид кризата. Воедно, министерот Алити, ја потенцираше силната заложба за активна соработка со сите клучни фактори за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност. Меѓу другото, како што стои во соопштението, Алити го посочил проектот со УСАИД за зголемување на сајбер отпорноста и заштита на критичната национална инфраструктура од сајбер напади, а ја истакна и потребата од формирање на Агенција за сајбер безбедност. - Дигитализацијата треба да продолжи со забрзано темпо, но во исто време безбедноста треба да е најважната компонента, рече меѓу другото министерот Алити, додавајќи дека треба да се применуваат сите позитивни искуства на западните земји и да ги истражуваме можностите. Во своето обраќање министерот Алити порача и дека земјите од Западен Балкан треба уште повеќе да ја засилат меѓусебната соработка и комуникацијата во однос на овие теми, бидејќи како што рече можеме многу да си помогнеме преку споделување на слични искуства и знаења. ки/дма/

Остани поврзан