• понеделник, 23 декември 2024

Милков: Сериозно се подготвуваме за посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија

Милков: Сериозно се подготвуваме за посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија
Софија, 4 септември 2022 (МИА) - Сериозно се подготвуваме за утрешната посета на премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на Бугарија, коментира бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за неделната програма „Недела 150“ на БНР.
Според Милков, како што јавува дописникот на МИА од Софија, односите меѓу Бугарија и Северна Македонија имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Република Северна Македонија.
Милков, исто така, вели дека очекува да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања.
- Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност, рече Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.
Прес-центарот на бугарската влада веќе објави официјална информација за посетата на премиерот на Република Северна Македонија на Софија. нк/аа/

Остани поврзан