• вторник, 02 јули 2024

Милевски по поразот од Шпанија: Горд сум на овие момци

Милевски по поразот од Шпанија: Горд сум на овие момци
Скопје, 3 септември 2020 (МИА) - Кога ќе ги собереме впечатоците, горд сум на овие момци. Покажаа како треба да се игра против една Шпанија. Сите треба да бидеме горди, зашто овој тим има потенцијал и квалитет за да напредува и да биде конкурентен во европски рамки, изјави вечерва селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски по минималниот пораз од фаворизираната репрезентација на Шпанија. - Нашата примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои ќе имаат потенцијал за да напредуваат во иднина и да бидат дел од А репрезентацијата. Поголем дел од фудбалерите покажаа дека може да се смета на нив во иднина, посочи селекторот. Милевски за следниот дуел со Фарски Острови изјави дека слаби тимови денеска не постојат и ако не се влезе максимално подготвен на било кој натпревар, тогаш не може да очекувате поволен резултат.

Тагови

Остани поврзан