Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа
- „Росонерите“, кои се лидери во Серија „А“ по нивниот совршен старт од почетокот на сезоната, во понеделник ќе се сретнат со Рома, а следниот четврток ќе играат на „Сан Сиро“ против Спарта Пра
Глазгов, 22 октомври 2020 (МИА) - Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада шкотскиот гигант Селтик со 3:1. „Росонерите“ го постигнаа својот прв успех во групата „Х“ на турнирот по головите на Раде Круниќ (14) и Браим Дијаз (42) пред паузата. За домаќините Мохамед Елиунуси беше прецизен во 77-та минута, а на крајот од мечот Хауге го постигна својот прв гол за Италијанците.
Лидер во групата по првите натпревари е француски Лил, кој како гостин ја победи Спарта Прага со 4:1. Лил и Милан имаат по три бода. Селтик разочара во вториот последователен натпревар, откако пред неколку дена загуби со 0:2 големото дерби на Шкотска со Глазгов Ренџерс. „Росонерите“, кои се лидери во Серија „А“ по нивниот совршен старт од почетокот на сезоната, во понеделник ќе се сретнат со Рома, а следниот четврток ќе играат на „Сан Сиро“ против Спарта Прага. Селтик ќе ги посети Лил за една недела. Резултати од Лига Европа: Група „А“: ЦСКА Софија - Клуж 0:2 Јанг Бојс - Рома 1:2 Група „Б“: Дандалк - Молде 1:2 Рапид Виена - Арсенал 1:2 Група „Ц“: Баер Леверкузен - Ница 6:2 Хапоел Бер Шева - Славија Прага 3:1 Група „Д“: Леч Познањ - Бенфика 2:4 Стандард - Ренџерс 0:2 Група „Е“: ПАОК - Омонија 1:1 ПСВ Ајндховен - Гранада 1:2 Група „Ф“: Ријека - Реал Сосиедад 0:1 Наполи - АЗ Алкмар 0:1 Група „Г“: Лестер - Зорја 3:0 Брага - АЕК 3:0 Група „Х“: Селтик - Милан 1:3 Спарта Прага - Лил 1:4 Група „И“ Макаби тел Авив - Карабах 1:0 Виљареал - Сиваспор 5:3 Група „Ј“ Лудогорец - Антверп 1:2 Тотенхем - ЛАСК 3:0 Група „К“: Динамо Загреб - Феенорд 0:0 Волфсбергер - ЦСКА Москва 1:1 Група „Л“: Хофенхајм - Црвена Звезда 2:0 Слован Либерец - Гент 1:0