• петок, 22 ноември 2024

Милановиќ прв претседател кој нема да присуствува на конститутивна седница на Собранието

Милановиќ прв претседател кој нема да присуствува на конститутивна седница на Собранието
Загреб, 20 јули 2020 (МИА) - Зоран Милановиќ во среда нема да присуствува на конститутивната седница на Собранието, со што ќе стане првиот претседател во историјата кој нема да дојде на конститутивна седница. Како што пренесува „Јутарњи лист“, со образложение дека со донесување на Одлуката за свикување на првата седница на хрватскиот Парламент, Милановиќ ја исполнил својата улога предвидена со Уставот. Поради епидемиски околности, на конститутивната седница се поканети само претседателот на Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на Врховниот суд Ѓуро Сеша, кој истовремено е и претседател на Државната изборна комисија, како и претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ. Поранешната директорка на Државниот протокол и шеф на протоколот на Претседателот на Хрватска, Милада Привора изјави дека е точно дека сите претходни претседатели присуствувале на конститутивната седница на Собранието и дека овој потег на претседателот е секако необичен. - Тоа е свечен, церемонијален чин каде што вообичаено е присуството на Претседателот на Републиката. Тој нема да практикува многу од овие церемонијални работи, нема прописи дека треба да биде присутен. Тоа е прашање на волја, но секако е невообичаено. Уште ќе има такви невообичаени потези, рече Привора. Конститутивната седница на новиот состав на Собранието ќе се одржи во среда во 10 часот, а пратениците треба да носат заштитни маски и да ги дезинфицираат рацете. паг/  

Остани поврзан