• понеделник, 23 декември 2024

Милановиќ: ХДЗ нема да може да формира влада, за Пленковиќ „играта е завршена“

Милановиќ: ХДЗ нема да може да формира влада, за Пленковиќ „играта е завршена“

Загреб, 21 март 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска од Пула изјави дека неговата цел е победа, дека за лидерот на ХДЗ и премиер Андреј Пленковиќ „играта е завршена“, нема, вели, да ја зачува ниту европската фотеља, а ниту неговата ХДЗ нема да може да ја формира новата хрватска влада.

„Мојата цел е победа. Почнавме доцна, тешко е, ги немам истите очекувања како кога ја водев СДП. Но, ХДЗ нема да може да формира влада, ќе ја формираат некои подобри луѓе, а Пленковиќ нека оди во Брисел и нека бара работа во Европската народна партија (ЕПП)... Не знам, јас сум народна партија“, изјави Милановиќ за новинарите.

Според Милановиќ, работите стојат така што Пленковиќ ја доведе ХДЗ до работ на пропаст.

„На крајот ме доведе до точка дека немам избор и морам да го правам тоа што го правам, го разоткривам Уставниот суд. И да се види колку е важен претседателот во овој постизборен период“, рече Милановиќ, објаснувајќи дека овластувањата што ги има како претседател на државата „би му ги дал на својот домашен миленик“.

Тој повтори дека кога ќе собере доволно потписи, ќе формира влада, не исклучувајќи ја можноста во тоа можеби и да не успее, бидејќи, посочува, постои ризик. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан