• понеделник, 23 декември 2024

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до ЈО

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до ЈО

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Пратеничката Рашела Мизрахи, која беше претседател на собраниската Анкетна комисија за случувањата во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија денеска информира дека до претседателот на Собранието Талат Џафери испратила допис да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Јавното обвинителство.

- На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието. Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото. Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината таква каква што е, пишува Мизрахи на својот фејсбук профил.

Таа додава дека се што требало да направи Комисијата е направено и дека останатото е во рацете на Јавното обвинителство. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан