• сабота, 06 јули 2024

Мигрант од Авганистан пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија

Мигрант од Авганистан пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија. Како што соопшти МВР, вчеравечер во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/лв/

Остани поврзан