• петок, 05 јули 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
3 март 2021 Берлин - Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во дводневна посета на Германија. Ќе оствари средба и со германскиот колега Хајко Мас. Киев - Прес-конференција на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Берлин - Состанок на германската канцеларка Ангела Меркел со регионалните премиери на германските покраини во врска со епидемијата на Ковид-19. Москва - Дводневен Форум за проектите за развој на Арктикот. Белград - Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак во дводневна посета на Србија. Лондон - Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одговара на пратенички прашања. Софија - Бугарија го одбележува Денот на независноста.

Остани поврзан