• сабота, 21 декември 2024

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува, се подготвува посебен Закон за соодветна застапеност на Албанците

Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува, се подготвува посебен Закон за соодветна застапеност на Албанците

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека во Северна Македонија не постои Закон за албанскиот јазик за да може да се каже дека се укинува. Потенцира дека во подготовка е посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Северна Македонија.

-Прво, ќе се поврзам со одговорот на премиерот Курти кој рече дека во Македонија не постоел Закон за албанскиот јазик, па сега тој сега се укинува или прекршува. И второ, не се оспорува од Владата на Република Северна Македонија, туку има иницијатива во Уставниот суд каде деветте судии избрани од Владата на СДСМ-ДУИ и проблемот го прават тие судии на Уставен суд со мандат од минатото мнозинство. Денеска сме тука да ја продлабочиме соработката меѓу двете влади и да им го олесниме животот на граѓаните во нашите две земји. Гарантираме дека албанскиот јазик ќе напредува во Република Северна Македонија, исто како што најдовме решение и се формираше експертска група од партнерите во Владата кои работат на балансерот, кој беше само механизам, а сега зема димензии на законско решение или посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Македонија, рече Меџити.

Но новинарско прашање што ќе направат како политичка партија на Албанците доколку Уставниот суд го оспори албанскиот јазик, Меџити нагласи дека Уставниот суд има побарано мислење од Венецијанската комисија и од каде добиле забелешки за три члена од Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.

-Уставниот суд не го оспорува албанскиот јазик затоа што нема закон за албанскиот јазик. Уставниот суд, на барање на Владата на СДСМ-ДУИ, има побарано мислење од Венецијанската комисија и тие дале забелешки за три члена од тој Закон за употреба на јазиците во Република Северна Македонија, а тоа се само за тие три члена. Правиме се од себе да ги задржиме позициите на јазикот и да го унапредиме во иднина, рече тој.

Меџити посочи дека ги уверува нашите граѓани и сонародници во Косово и во светот дека нема потреба да се вознемируваат бидејќи, како што рече, правата што се стекнати не може да се деградираат, туку правата ќе се унапредат.

Првиот вицепремиер нагласи дека прават максимални напори да се задржи позицијата и унапредувањето на јазичните и другите права на Албанците.

-Овде Србите имале закон за официјална употреба на српскиот јазик иако во Косово се само 4 отсто. Албанците, иако се вкупно 24-30 отсто, немале закон за службена употреба на албанскиот јазик. Правиме максимални напори да ја задржиме позицијата и да ги унапредиме јазичните и другите права на Албанците, рече Меџити. фф/аа/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан