• петок, 09 август 2024

Меџик го советува Адетокумбо да не го напушта Милвоки

Меџик го советува Адетокумбо да не го напушта Милвоки
Милвоки, 10 септември 2020 (МИА) - Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон го искористи својот профил на Твитер за да даде совет на суперѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо. Петкратниот шампион со „езерата“ сака грчкото крило да остане во Милвоки и да продолжи да се бори за титулата со „елените“. - Мојот совет до Јанис е да разговара со сопственикот на Милвоки Бакс, Вес Еденс, да разгледа каква ќе биде неговата стратегија да го направи тимот подобар и да го донесе шампионатот во Милвоки, напиша Меџик. Адетокумбо изјави дека не планира да го напушти Висконсин по плејофот. Неговиот сегашен договор истекува следното лето, но „елените“ ќе му понудат супер-максимална зделка веднаш штом ќе се отвори преодниот рок.

Тагови

Остани поврзан