• среда, 08 мај 2024

Мехмедовиќ: Пациентот од Кичево е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација

Мехмедовиќ: Пациентот од Кичево е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација
Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. -Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ. Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор. бт/бак/  

Остани поврзан