• понеделник, 23 декември 2024

Мета со порака за протестот на втори март: Сакаме Албанија како цела Европа

Мета со порака за протестот на втори март: Сакаме Албанија како цела Европа
  Тирана,22 февруари 2020 (МИА) - Најавувајќи масовно присуство на протестот што тој го организира на втори март, шефот на албанската држава, Илир Мета го свртува вниманието на протестите на Блискиот исток наречени „арапска пролет“. „Доаѓа пролетта!Почитувани граѓани! На историскиот настан на 2 март Ве повикувам сите да се придржуваме само на овие пораки: За Уставот! За Албанија! Не за државниот удар!Не за депопулација! Сите еднакви пред законот! напиша Мета на Фејсбук. На оние што ќе присуствуваат на протестот,тој им порача да не носат партиски знамиња. „И бидејќи се вративме назад 30 годинин, нека целиот свет ја слушне пораката на „орлите“: Слобода - демократија! Сакаме Албанија како цела Европа!Ве повикувам да дојдете со црвено црни знамиња!апелира Мета. Постира фотографија,како што ја нарекува на неговиот живот, форографиран во природа под која пишува„се наближува пролетта“. Тој откако го обвини владејачкото мнозинство дека со измените на законот за наименување судии во Уставниот суд се обидува да го финализира државниот удар,најави масовен протест на втори март на плоштадот „народни херои“. вт/

Остани поврзан