• сабота, 21 декември 2024

Меси поради повреда ја пропушта Бенфика

Меси поради повреда ја пропушта Бенфика
Лисабон, 10 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, поради полесна повреда на ногата ќе го пропушти претстојниот натпревар против Бенфика, во рамки на четвртото коло во групата Х од Лигата на шампиони, соопшти вечерва клубот од Париз. Меси се повреди пред нешто повеќе од една недела на дуелот од третото коло во Лигата на шампиони против Бенфика (1-1) во Лисабон. Поради повредата аргентинскиот фудбалер веќе го пропушти натпреварот од 10. коло во француското првенство против Ремс (0-0). Во клупското соопштение се наведува дека Меси сè уште не е подготвен да се врати на теренот. ег/ссм/  

Остани поврзан