• понеделник, 23 декември 2024

Мерка притвор за жител на Кочани осомничен за насилство врз дете и за напад на полицаец

Мерка притвор за жител на Кочани осомничен за насилство врз дете и за напад на полицаец

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. мд/ев/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан