• петок, 04 октомври 2024

Мекиќ потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје

Мекиќ потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје
Скопје, 7 јули 2020 (МИА) - Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион. Мекиќ претходно беше дел од МЗТ во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер. Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан